Маргарита и Игнасио се вљубиле на прв поглед, но нивната врска траела
само еден ден и една ноќ, а резултат на тоа е малиот Фрихолито, роден
меѓу вреќи со грав, поради што и го добива името Гравче. Од мали нозе
детето покажува интелегенција и сосема ја разбира состојбата на мајка
му, која работи за него. Тој и неговиот најдобар другар Тоњо постојано
смислуваат детски палавости, а една случајна средба со неговиот
биолошки татко, ќе ги ја измени неговата и судбината на неговата мајка.
Фрихолито и Игнасио стануваат другари, а преку него, детето се
запознава и со Дулсе, внуката на Игнасио, со која, во понатамошните
случувања, ќе имаат многу згоди и незгоди. Маргарита и Игнасио повторно
се среќаваат, но тој не памети која е таа, ниту пак дека имал врска со
неа, но детето и неговиот изглед, ќе го натераат да дознае повеќе.
Токму тоа ќе ја одреди и понатамошната судбина на Маргарита и
Фрихолито. Единствен кој знае за постоењето на малиот Фрихолито е
братот на Игнасио, Франциско, кој се плаши дека со тоа добил уште една
конкуренција за наследството и ќе настојува мајката и детето да ги држи
подалеку од семејството.