А1 телевизија
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

А1 телевизија

Добредојдовте!!!
 
HomeHome  PortalPortal  Latest imagesLatest images  БарајБарај  Регистрирајте сеРегистрирајте се  Влез  

 

 Синопис

Go down 
АвторПорака
Bube
Admin
Bube


Број на мислења : 113
Age : 27
Местолокација : Неготино
Job/hobbies : Пеење
Registration date : 2009-02-28

Синопис Empty
ПишувањеПредмет: Синопис   Синопис EmptyНед Мар 01, 2009 1:07 am

Дејството на серијата ги следи љубовните згоди и незгоди на младата
девојка Дијана Антилон и момчето Браулио Валдарес. Дијана веќе пет
години се наоѓа во интернат во Швајцарија,
каде нејзиниот татко Доменико, успешен бизнисмен, ја пратил за да ја
скроти нејзината бунтовност. Но, и во Интернатот, Дијана не мирува.
Набрзо станува лидер на девојките во нивните авантури, што ќе
предизвика вознемиреност кај управничката на Интернатот. Таа неколку
пати ќе ја опомене, но последниот скандал на девојките, кога групно ќе
избегаат од испит, ќе доведе до укор до сите девојки, а најлошо ќе
помине токму Дијана. Таа е избркана од Интернатот. Управничката се
јавува на нејзиниот татко во Мексико,
со наредба да ја земе ќерка му, но Доменико, поради бизнисот, не
заминува во Швајцарија, туку Дијана мора сама да се врати. Таа е
несреќна што нејзиниот татко не доаѓа да ја земе, туку на аеродромот во
Мексико ја пречекува шоферот на фирмата. Дијана ја посетува нејзината
баба Викторија, која се наоѓа во дом за стари лица, но боледува од Ајцхалмерова болест
и не препознава никого од семејството. На патот до дома, Дијана за
малку избегнува судир со еден автомобил, во кој се возат Браулио и
неговата другарка Кони. Двајцата млади Браулио и Дијана се вљубуваат на
прв поглед, но до нивна средба нема брзо да дојде, бидејќи Браулио
припаѓа на сосема поинаков свет од оној на Дијана. Како мал, во
сообраќајната несреќа загинале неговите родители, а грижата за него ја
превзел неговиот чичко. Браулио не се согласува со неговиот братучед
Естебан, кој работи во фирмата на Доменико Антилон. Естебан постојано е
подложен на провокации и набрзо ќе стане вистински експерт за криминал
во фирмата, а нема да се стеснува од понижувањата кон Браулио. Ова
особено ќе кулминира откако ќе ја запознае Дијана, во која ќе се вљуби.
Единствениот конкурент ќе му биде Браулио, па Естебан ќе се служи со
нималку чесни методи да го тргне конкурентот. Другарката на Браулио,
Кони Перез е млада и бунтовна девојка, која е вљубена во Браулио, но
тој нема да и ја возврати љубовта, особено откако ќе ја запознае
Дијана. Но, Естебан нема да биде единствената пречка. Откако Браулио и
Дијана повторно ќе се сретнат, Кони постојано ќе смислува начини да им
ја расипе врската. Но, и Кони крие од нејзините родители и другарите,
дека со месеци боледува од анорексија, што неколку пати ќе ја доведе до
болница. Во меѓувреме, Дијана станува се побунтовна, бидејќи нејзиниот
татко нема доволно време за неа. Набрзо, таа го запознава надворешниот
свет, во кој царуваат тинејџерите, свет исполнет со многу забава, но и
опасности. Дрогата, алкохолизмот и проституцијата се дел од ноќниот
живот на Мексико, а Диjана набрзо станува дел од тој опасен свет.
Вратете се на почетокот Go down
 
Синопис
Вратете се на почетокот 
Страна 1 of 1
 Similar topics
-
» Синопис
» Синопис
» Синопис
» Синопис
» Синопис

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
А1 телевизија :: Corazones al límite-
Отиди до: