Истрага на местото на злосторството: Мајами (англиски: CSI: Miami) е популарна и наградувана американска телевизиска серија. Серијата за првпат се прикажа во 2002 година и досега има освоено една Еми награда за најдобра серија во 2003 година, а следната година повторно беше номинирана, но победата ја однесоа колегите од серијалот ЦСИ: Лас Вегас.
Во Македонија, серијата се емитува на А1 телевизија.