А1 телевизија
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

А1 телевизија

Добредојдовте!!!
 
HomeHome  PortalPortal  Latest imagesLatest images  БарајБарај  Регистрирајте сеРегистрирајте се  Влез  

 

 1 сезона

Go down 
АвторПорака
Bube
Admin
Bube


Број на мислења : 113
Age : 27
Местолокација : Неготино
Job/hobbies : Пеење
Registration date : 2009-02-28

1 сезона Empty
ПишувањеПредмет: 1 сезона   1 сезона EmptyСаб Фед 28, 2009 10:30 pm

Во првиот дел од оваа серија се зборува за децата сирачиња со име Маријанела(Mariana Esposito), Рама(Gaston Dalmau), Хазмин(Maria Eugenia Suarez) и Тачо(Nicolas Riera). Исто така тука е и синот на Бартоломе(Барто) Тиаго(Peter Lanzani)
кој е многу различен од својот татко и другите деца го гледаат како
херој. Тој е заљубен во Марианела. Барто директорот на сиропиталиштето
ги малтретира, тепа и ги тера да работат за да му заработат пари. Ова
црно, тажно место се развеселува со доаѓањето на Сиело Магико (Емилија Атијас)
циркуската акробатка и Николас Бауер познат археолог. Сиело се
вработува како слугинка во куќата и и ја отрива желбата и талентот за
танцување на децата. Во тоа и помага и Николас(Нико) во кого децата
гледаат херој и пример на човек каков што сакаат да станат. на првата
забава организирана во куќата Сиело и Нико се запознаваат и се
заљубеваат. Меѓу нив се раѓа тајна љубов. Нико е златниот рудник на
Бартоломе кој само се обидува да дојде до пари преку него. Нико е верен
со глупавата сестра на Бартоломе-Малвина(Gimena Accardi).
Кристобал-синот на Нико се спријателува со помалите деца од куќата
преку Малвина која воопшто не му се допаѓа и би дал се таа да не е
неговата идна 'мајка'. По некое време во куќата доаѓа доктор Џејмс Џонс
археолог кој има тајна врска со Малвина. Сиело не знаејќи го тоа
почнува да излегува со него за да го направи Нико љубоморен(но Џејмс се
заљубува во неа и ја тера да се омажи за него). Се почнува да се руши
кога Сиело ќе дознае дека Џејмс е всушност најголемиот непријател на
Нико археологот крадец-Маркос Ибарлусија(Lucas Ferraro). Подозна се
дознава и дека Хустина помошничката на Бартоломе има ќерка
Луз(Florenzia Cagnasso)која станува девојка на Кристобал и се открива
дека е сестра на Сиело. Ибарлусија е крвен татко на Кристобал и сака
старателство над него, но Карла-мајката на Кристобал му го враќа на
Нико. Подоцна Сиело која во меѓувреме дознава за темните тајни на
Бартоломе му кажува се на Нико и тој почнува да крое план за да го
испратат на суд. Тиаго исто така дознава за татко му и не му се верува
дека тој може да го прави тоа. Неколку епизоди подоцна се дознава и
дека Сиело е исчезнатата наследничка на куќата Анхелес Инчаусти, која
била оставена од Бартоломе и Хустина. Кај Хустина останала сестрата на
Анхелес втората наследничка Луз. Таа немала срце да ја остави во шумата
па ја посвоила и ја заклучила во подрумот. Откако ќе ги откријат и
пријават во полиција Барто и Хустина ќе побегнат. Со помош на Малвина,
Нико и Сиело ќе ги најдат и заради една незгода Барто и Хустина ќе
завршат во болница. Таму со помош на Маркос Ибарлусија ќе направат
лажна незгода во која тие 'умираат'. Тиаго плаче заради трагичната смрт
на својот татко, а исто и Луз која Хустина се уште ја доживува како
своја мајка. По неколку дена во куќата доаѓа роднината на
Хустина-Фелиситас Гарсија(Julia Calvo), таа е мисионерка и на првиот
поглед ги засакува децата од куќата. Барто и Хустина сакајќи да се
доближат до децата и Сиело и Нико се маскираат во италиански брачен пар
и доаѓаат да живеат во куќата на Нико која тој ја издава. Нивната цел е
да се одмаздат, а тоа го прават преку киднапирање на што повеќе луѓе.
Росарио(социалната работничка која ги обожава децата), Фелиситас,
Малвина и Хаспер кој е градинарот на куќата и истовремено многу
мистериозен човек кој бил пријател на Карлос Мариа Инчаусти-таткото на
Сиело и кој го мрази Бартоломе и е против него. Бартоломе го убива
Хаспер и кога заедно со Хустина ќе се обидат да го фрлат во реката ќе
бидат фатени со помош на планот на Нико. Тој ќе ги испрати во затвор,
но тие нема веднаш почнуваат со подготвување на план за бегство.
Неколку месеци подоцна Маркос ќе ги киднапира Кристобал и Малвина и ќе
ги однесе во својот авион. На денот на свадбата на Сиело и Нико, кога е
и концертот на Teen Angels(Групата на децата која ја создаде Сиело)
Бартоломе ќе побегне од затвор и и се заканува на Сиело со пиштол. Тој
ќе ја однесе на таванот од куќата каде е и часовникот. Кога ќе сака да
ја застрела од часовникот излегува струја која го погодува во главата и
го остава во кома. Сиело е заробена меѓу пар од проѕирни крилја и не
може да мрдне. Нико лежејќи на подот заради куршумот кој му го упати
Барто ја подава раката за да ја допре раката на Сиело. Нико плаче кога
Сиело изчезнува во сноп од светлина но истовремено е и среќен бидејќи
знае дека еден ден ќе се врати. Кристобал и вели на Малвина да скокне
со него од авионот со падобран, а во авионот каде што е Маркос фрла
димна бомба и го убива. Се завршува со концертот на Teen Angels на
сцената пред куќата.
Вратете се на почетокот Go down
 
1 сезона
Вратете се на почетокот 
Страна 1 of 1
 Similar topics
-
» 2 сезона
» 3 сезона
» 4 сезона
» 2 сезона
» 1 сезона

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
А1 телевизија :: Теленовели :: Casi Angeles-
Отиди до: