Одделот за истрага во Мајами ја има истата функција како и нивните колеги од Лас Вегас, Њујорк.
Нивната лабораторија е помала од оние во Лас Вегас и Њујорк, но ја има
истата функција, разрешување на сите видови на криминални дејствија, а
специјалност им се убиствата во градот познат кај Рајска метропола.
Шеф на одделот е поручник
Хорацио Кејн (en.Lt.Horatio Caine), кој на тоа место доаѓа по
заминувањето на Меган Донер. Крстен е по писателот Хорацио Алгер.
Израснат во Мајами и одлично го познава уличниот живот и при истрагите
секогаш се води по инстиктот. Негова специјалност се бомбашките напади,
бидејќи и самиот бил дел од таква екипа, па одлично се разбира во
монтирање и демонтирање на бомби. Хорацио го игра актерот Дејвид Карузо.