Истрага на местото на злосторството: Њујорк или ЦСИ: Њујорк (англиски: CSI: NY) е американска полициска телевизиска серија која започна да се емитува на 22 септември 2004 и сѐ уште се снима. Ова е вториот спин-оф од ЦСИ: Лас Вегас, а ликовите за првпат се појавија во епизода на ЦСИ: Мајами.
Во Македонија, серијата се емитува на А1 телевизија.