Руби е млада девојка која студира на приватниот универзитет,
благодарение на стипендијата и на својата сестра, која напорно работи
за да ја издржува својата сестра, како и нејзината мајка Рефухио. На
универзитетот, Руби се спријателува со Марибел, милионерка, драга и
убава девојка, која после собраќајната несреќа останува инвалид.
Марибел мисли дека конечно пронашла вистинска пријателка во Руби, но не
знае дека Руби сака да биде нејзина пријателка само заради нејзините
пари. Откако ќе ја посети Марибел во нејзината вила, Руби е уверена
дека таа требала да живее таков живот и дека по секоја цена ќе се
здобие со вакво богатство. Заради нејзината инвалидност, Марибел своето
време го поминува на интернет разговарајќи со момче по име Хектор.
После некое време, Хектор и Марибел се запознаваат, и Хектор ја
запросува. Марибел е многу среќна и се заљубува во него. Хектор и го
претставува на Руби, својот најдобар пријател, докторот Алехандро, и
Руби се заљубува во него. Руби почнува да сонува како конечно ке се
венча за богат и згоден доктор и дека тие четворица ќе идат среќни. Но,
се пропаѓа кога Руби дознава дека Алехандро е сиромашен. Тажен,
Алехандро во целосност се одлучува да се посвети на својата професија.
Сега единствена цел на Руби, е да и го украде свршеникот на Марибел,
Хектор.