А1 телевизија
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

А1 телевизија

Добредојдовте!!!
 
HomeHome  PortalPortal  Latest imagesLatest images  БарајБарај  Регистрирајте сеРегистрирајте се  Влез  

 

 Вовед

Go down 
АвторПорака
Cece
Admin
Cece


Број на мислења : 124
Местолокација : na shoping so tefi
Job/hobbies : plivanje,peenje,tancuvanje
Registration date : 2009-02-28

Вовед Empty
ПишувањеПредмет: Вовед   Вовед EmptyСаб Фед 28, 2009 10:19 pm

Приказната за Волшебничките започнува кога трите сестри Халивел — Пруденс (Prudence), Пајпер (Piper) и Фиби (Phoebe) — се смируваат и повторно се соединуваат како сестри со враќањето на Фиби од Њујорк 6 месеци по смрта на нивната баба. Истата ноќ, љубопитноста ја убедува Фиби да види што се крие на таванот (без разлика што сестрите ѝ кажуваат дека бесполезно ќе си го губи времето). Таму Фиби открива една стара дебела книга со чуден знак на дебелите правливи корици. Нејзината љубопитност го победува стравот дека може да се случи нешто лошо и ја отвара книгата. Читајќи еден мал текст од книгата, Фиби ненајдено изрекува магија која исполнува едно пророштво и благодарение на ова пророштво всушност сестрите дознаваат дека се волшебнички. Книгата се нарекува Книга на сенките (Тhe Book of Shadows).
Тие откриваат дека поседуваат натприродни моќи, но и дека потекнуваат од познати вештерки. Првата од ова колено на вештерки, Мелинда Ворен, поседувала три моќи: моќта да помрднува предмети со својот ум (телекинеза), да го запира времето и да гледа во иднината. Но, за жал, Мелинда подоцна била убиена, т.е. изгорена. Како и да е, пред да умре, Мелинда предвидела дека секоја идна генерација на Ворен (подоцна Халивел) ќе станува сѐ посилна и посилна, сѐ до крајот додека не дојдат трите сестри - најмоќните добри вештерки што некој некогаш ги има видено. Тие три сестри ќе го исполнат древното пророштво и ќе се создаде т.н. „Моќ на трите“, најсилната волшебна сила што некогаш се родила.
Пру Халивел, најстарата сестра, ја добива моќта на телекинеза и може да помрднува предмети со нејзиниот ум. Вообичаено нејзината моќ е контролирана од лутина и на почетокот ја контролира преку очите. Но наскоро ќе може и преку рацете, како и нејзината баба (таа првпат го изведува ова во првата сезона во епизодата „Out of Sight“). Пру подоцна ја добива моќта на астрална проекција, со што може да направи нејзина „копија“ и таа копија да се појави каде што сака, заедно со нејзината свесност, додека физички нејзиното тело стои во место без свест. Моќта на астрална проекција се развива (во втората сезона во епизодата, „Ms. Hellfire“) од нејзината потреба да биде на две места одеднаш. Додека е во астрална проекција, таа неможе да користи телекинеза. Во третата сезона, во епизодата „Primrose Empath“, каде што и последен пат ја користи оваа моќ, успева да направи копија и на двете места да остане свесна.
Пајпер, на почетокот како средна сестра, но подоцна најстара, ја добива моќта да го сопира времето, односно да замрзнува некој предмет или човек (молекуларно здрвување) и запирање на времето (моментно стопирање на времето). На почетокот Пајпер нема голема контрола врз нејзините моќи. Времето за коешто може да остави човек или предмет замрзнат е многу кратко, а запирањето на времето е само неколку минути и само времето и настанот што се случува околу неа. Како што поминува времето, нејзината моќ расте. Таа почнува да замрзнува цели соби, или да замрзне специфично некој човек или предмет без да замрзне нешто околу нив. Подоцна може и да замрзне некој демон или човек и да одмрзне само некој дел од нив, како на пример само главата, што како резултат е добро кога ги испрашува. Пајпер исто така подоцна ќе може да замрзне нешто за многу долго време без да биде во собата и да го „задржува“ замрзнувањето. Подоцна се открива дека нејзината моќ работи на молекуларно ниво, што значи дека може да ги забави молекулите на местото каде што ја упатува моќта. Оваа моќ подоцна се развива со тоа што наместо да ги забави молекулите, односно да замрзне, таа се оспособува да ги забрза молекулите, правејќи предметите (и демоните) да експлодираат. Оваа моќ е наречена молекулско согорување. Нејзината замрзнувачка моќ е контролирана од страв, паника и изненадување, додека нејзината експлодирачка моќ (додека не стекне целосна контрола) е контролирана од страна на лутина.
Фиби, најмладата сестра, ја добива моќта на визија, што ѝ дозволува да гледа во иднината. Нејзината моќ дејствува допирајќи предмети или луѓе (или ако физички останало нешто на местото каде што се наоѓа, на пример, некоја соба). На почетокот, нејзините визии се сметаат за неактивна моќ, но кога ќе научи повеќе за нив, на некој начин добива целосна контрола и како што оваа моќ расте, се смета за активна. Од време на време, нејзината моќ за визиите расте на повеќе начини. Оваа моќ расте, со тоа што таа добиваа можност да ги чувствува работите во своите визии, на пример чувствува како нејзината мајка се дави кога добива визија за минатото во втората сезона во епизодата, „P3 H2O“. Оваа можност да ги чувствува визиите ѝ послужува подоцна кога ќе ги добие емпатичките моќи. Во петтата сезона во епизодата, „The Eyes Have It“, откако не мајќи визии веќе подолго време поради премногу стрес и преку работно време, бара помош од Циганка да ѝ ги одблокира нејзините моќи.
Вратете се на почетокот Go down
https://a1-tv.macedonianforum.net
Cece
Admin
Cece


Број на мислења : 124
Местолокација : na shoping so tefi
Job/hobbies : plivanje,peenje,tancuvanje
Registration date : 2009-02-28

Вовед Empty
ПишувањеПредмет: Re: Вовед   Вовед EmptyСаб Фед 28, 2009 10:20 pm

Таму таа добива „супер визија“ во која астрално се проектира. Нејзината моќ расте на тој начин што кога е повредена во некоја визија, таа и физички се повредува. Иако овој вид на визии е многу редок, таа добива можност астрално да се проектира во иднината и да разговара со Фиби од иднината. Фиби исто така може да ги дели визиите со некој што има дарба да гледа во иднината, како на пример некои гатачки. Некаде во третата сезона, Фиби ја добива моќта на левитација, која ѝ служи добро во комбинација со нејзините боречки вештини. Нејзините емпатички моќи, кои ги добива во шестата сезона, ѝ дозволуваат да ги чита туѓите чувства. Може да ја канализира својата моќ, така што може да ги рефлектира нападите на демоните, како на пример на Валкирите, како во „Valhalley of the Dolls (2. дел)“. Но поради некои проблеми и договори на сестрите за да донесат повеќе правда, Фиби ги губи моќите и успева да ја врати само моќта на визиите и мал дел од левитацијата.
По трагичната и неочекувана смрт на Пру, Пајпер и Фиби дознаваат дека имаат помлада полу-сестра по име Пејџ (Paige), родена од страна на мајка ѝ, Пати, и Сем, нејзиниот белосветец. Бидејќи ваквиот вид на врска била забранета и невидена во тоа време, Пати и Сем ја оставаат Пејџ пред портите на една црква и подоцна семејството Метјуз ја посвојува. Нејзините биолошки родители побарале само нејзиното име да почнува на буквата П, за да се продолжи традицијата на Халивел. Од нејзиниот белосветец татко, Пејџ ја наследува моќта да се телепортира како белосветец. На почетокот, Пејџ може да се телепортира за миг и да се појави на истото место. Тоа е контролирано од страв и изненадување. Таа брзо ја добива моќта да се телепоритира целосно како вистински белосветец. Според пророштвото за трите сестри Волшебнички со трите посебни моќи, третата сестра ја има моќта на телекинеза. Тоа што Пејџ е полу-вештерка, полу-белосветец, влијае на моќите на Пејџ коишто ги наследила од Пати. Затоа, наместо телекинезата што ја имаше Пру, Пејџ може да помести предмет со тоа што ќе го повика, предметот подоцна се телепортира во нејзините раце или на било кое друго место. Ова моќ е наречена телепортирачка телекинеза. Во петтата сезона, Пејџ открива дека има и други белосветечки моќи, како што е „гламуринг“ (моќ којашто е доста слична со моќта за промена на обликот и којашто најчесто ја користат демоните за да се преправат во некој и со тоа да ги излажат сестрите). Галмурингот е моќ којашто само го менува изгледот на некоја личност за некои гледачи да мислат дека тоа е моќта на „телепортирање во некој“, но тоа не е така. Разликата помеѓу овие две моќи е тоа што кога се користи моќта на „телепортирање во некој“, тогаш белосветецот се телепортира во некоја личност и се обидува да му ги контролира емоциите и некои други работи, додека галмурингот прави некој да изгледа, и само да изгледа како некој друг, но сѐ друго останува исто. Галмурингот може да се активира преку магија или напивка. Но сепак, родена моќ е на белосветците и во овој случај на Пејџ. Некаде во осмата сезона, белосветечката моќ на Пејџ се развива скоро целосно, кога се оспособува да ги лечи претпоставените и да ги лоцира заштитниците со тоа што ги чувствува.
Серијата е централизирана околу борбата на сестрите да ги балансираат своите нормални животи со своите натприродни одговорности. Тешкотијата да ја чуваат својата тајна надвор од светот причинува тензија кај нивните другарства, работни места и романтични врски. Само некои ја знаат нивната тајна и се обидуваат да ја чуваат безбедно. Најважен е Лео Вајат, белосветец пратен од старешините да ги води и заштитува сестрите. Лео им значи многу на сестрите и професионално и лично: тој ги лечи кога е потребно, ги советува за што и да е и медитира помеѓу нив и здодевните старешини. Тој исто така станува и љубовта на животот на Пајпер, нејзин сопруг и татко на нејзините деца. Други кои ја чуваат тајната на сестрите низ годините се: полициските инспектори Енди Трудо и Дерил Морис, променливиот полу-демон Кол Тарнер, мистериозниот патувач низ времето Крис Пери, сестрите Кристи и Били Џенкис, сопругот на Пејџ, Хенри Мичел, и уште многу други суштества од волшебното општество.
Вратете се на почетокот Go down
https://a1-tv.macedonianforum.net
 
Вовед
Вратете се на почетокот 
Страна 1 of 1
 Similar topics
-
» Вовед
» Вовед
» Вовед
» Вовед во анатомија

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
А1 телевизија :: Charmed-
Отиди до: