Ангели (шпански: Casi Angeles) е аргентинска тинејџерска теленовела. Теленовелата во Аргентина својата премиера ја имаше на 21 март 2007, но после нејзиниот голем успех беше најавена и втората сезона која започна неколку месеци по завршувањето на првата т.е после 15 ноември 2007.
Серијата раскажува за неколку деца кои се посвоени од злобните
Бартоломео и Хустина и живеат под нивен надзор во една вила. Но,
причината поради која тие не се чувствуваат најдобро и сакаат да
избегат од сегашниот живот е тоа што нивниот старател ги учи да крадат.
Серијата има огромен успех во Аргентина, но најголема причина е креаторот на серијата, Крис Морена, кој ги создаде мега популарните Млади бунтовници, Флорисиента, Пиратска душа и др. Aктерската постава од серијата има основано и музичка група "Teen Angels" која ги задоволува фановите со концерти во Аргентина.