Серијата "Не давај се, Нина" снимана е по една од најуспешните колумбиски теленовели, "Грдата Бети" (Yo soy Betty, la Fea), од авторот Фернандо Гајтан.
Оваа серија исто така ги следи односите во модната куќа и модното
списание, светот на гламурот и празната убавина, реализирана е во
продукција на РТЛ Телевизија во соработка со лиценцниот партнер, ФОКС Телевизија од Србија, како и балканските телевизии во Македонија и Босна и Херцеговина.
Серијата кај нас премиерно се прикажува на А1 телевизија.