А1 телевизија
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

А1 телевизија

Добредојдовте!!!
 
HomeHome  PortalPortal  Latest imagesLatest images  БарајБарај  Регистрирајте сеРегистрирајте се  Влез  

 

 Вовед

Go down 
АвторПорака
Bube
Admin
Bube


Број на мислења : 113
Age : 27
Местолокација : Неготино
Job/hobbies : Пеење
Registration date : 2009-02-28

Вовед Empty
ПишувањеПредмет: Вовед   Вовед EmptyСаб Фед 28, 2009 10:26 pm

Протагонист на серијата е докторката Мередит Греј која заедно со Кристина Јанг, Изи Стивенс, Џорџ О‘Мали и Алекс Карев
ја започнува серијата како стажист. Овие пет лика всушност се
најглавните ликови во серијата бидејќи поголем дел од дејството се врти
околу нив. Овие пет лика се група од стажисти која е предводена од
строгата докторка Миранда Бејли. Потоа се запознаваме и со двајца познати хирурзи Престон Бурк и Дерек Шепард кои служат како љубовни интереси на некои од стажистите. Шефот на хирургија е докторот Ричард Вебер. Овие лика се главни ликови цела прва сезона. Во финалето на првата сезона се запознаваме со тајната жена на Дерек, Адисон Монтгомери. Адисон се приклучува на актерската екипа како главен лик со почетокот на втората сезона. Во третата сезона Марк Слоун и Кели Торес
стануваат исто така главни ликови. Марк Слоун се појавува во една
епизода во средината на втората сезона, а во третата кога Дерек се
разведува од Адисон тој се враќа од Њујорк и решава да се вработи во
болницата како новата глава на пластична хирургија.
Кели Торес се појавува во последните неколку епизоди од втората сезона
каде започнува врска со Џорџ. Во третата сезона ја продолжува врската
со Џорџ и станува главен лик.
Веќе со почетокот на четврата сезона групата од петте стажисти се
распаѓа бидејќи тие ја поминуваат првата година од нивното стажанство.
И кога веќе се во втора година тие стануваат медицински ментори како
Миранда Бејли, која пак останува ментор но не на овие петорица. Само
четворица од групата на Миранда ја поминуваат годината и стануваат
ментори. Џорџ О‘Мали останува обичен стажист бидејќи не успева да го
положи тестот кој му овозможува да ја помине годината. Во оваа сезона
хирургот Ерика Хан,
која првпат се појавува во финалето на втората сезона како вечниот
ривал на Престон станува главен лик исто како и полусестрата на Мередит
Лекси Греј
која пак првпат се појавува во финалето на третата сезона. Од друга
страна пак Адисон и Престон ја напуштаат серијата. Адисон решава да
започне нов живот и продуцентите ја префрлуваат во нова серија само за
неа наречена Приватна Пракса,
додека Престон Бурк си заминува поради поразлични причини. Исаија
Вашингтон глумецот кој го игра Престон за време на снимањето на една
епизода од третата сезона од серијата, додека се карал со актерот кој
го игра Дерек наводно го навредил глумецот Т.Р. Најт. Брзо по ова
медиумите имаа безброј прашања, затоа Исаија решава да ја напушти
серијата за да избегне настанување на понатамошни проблеми. Оставката
на Исаија во серијата се резултирала така што Престон решава да ја
напушти Кристина и да си замине од Сиетл. Ерика Хан е поставена како
негова замена. Лекс Греј е поставена во иста група со Џорџ под
раководство на Кристина.
Во петата сезона Џорџ конечно го положува тестот и тој исто како
Кристина, Изи, Мередит и Алекс станува медицински ментор. Во оваа
сезона Ерика Хан ја напушта серијата и нови ликови се приклучени во
неа. Сади Харис и Оуен Хант се двајца нови лика. Сади Харис е стажист
во болницата и многу добра поранешна пријателка на Мередит, од друга
страна Оуен Хант е воен доктор кој решава да се вработи во болницата
како глава на Траума хирургија.
Вратете се на почетокот Go down
 
Вовед
Вратете се на почетокот 
Страна 1 of 1
 Similar topics
-
» Вовед
» Вовед
» Вовед
» Вовед во анатомија

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
А1 телевизија :: Grey's Anatomy-
Отиди до: