А1 телевизија
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

А1 телевизија

Добредојдовте!!!
 
HomeHome  PortalPortal  Latest imagesLatest images  БарајБарај  Регистрирајте сеРегистрирајте се  Влез  

 

 Улоги

Go down 
5 posters
АвторПорака
Cece
Admin
Cece


Број на мислења : 124
Местолокација : na shoping so tefi
Job/hobbies : plivanje,peenje,tancuvanje
Registration date : 2009-02-28

Улоги Empty
ПишувањеПредмет: Улоги   Улоги EmptyСаб Фед 28, 2009 10:21 pm

Главни

Улоги 300px-Charmedseason4promo
Волшебничките од 4. до 8. сезона




  • Пруденс „Пру“ Халивел – (Шанен Доерти) (сезони 1–3)


Родена е на 28 октомври, 1970 и е најстарата сестра меѓу Халивелови. Родена е со моќта на телекинеза, а подоцна ја усовршува и моќта на астрална проекција. Полна е со воља, храброст, енергија и интелигенција, секогаш наоѓа решение за проблемот и секогаш е премногу грижлива кога станува збор за нејзините две сестри, Пајпер и Фиби. Поминувајќи го своето детство грижејќи се за своите две помали сестри по смрта на нивната мајка, таа станува одговорна, со целосна одлучност за тоа што ќе го направи, вклучувајќи ја борбата со демоните. Оваа одговорност најчесто доведува до конфликти со поослободената Фиби. Како и да е, Фиби и Пру се зближуваат сѐ повеќе и повеќе како што напредува серијата. Понекогаш Пру дозволува нејзината гордост да реши некои работи, но никогаш не дозволува нејзиниот личен живот да се помеша со работниот живот. Пру во првата сезона работи во една фирма за лицитација, но подоцна дава отказ за да може да го следи своето срце. Некое време е без работа и е во потрага по нејзината идеална работа којашто ќе ја доведе до тоа да стане фотограф. На 17 мај, 2001, таа е убиена од страна на Шакс, демонски убиец испратен од Изворот.

  • Пајпер Халивел – (Холи Мари Коумс)


Пајпер е родена 1973 и е средно дете. По смрта на Пру, ја добива улогата на најстара сестра. Нејзини моќи се замрзнувањето односно сопирање на времето и експлодирање над кои има целосна контрола. Таа е единствена од сестрите која цело време сака да има нормален живот, и од секогаш имала лошо мислење за животот како волшебничка. Кога првпат станува волшебничка, таа е смирена и претпазлива, и често има задача да ги смирува Пру и Фиби. Како што напредува серијата, таа станува посилна личност и добива повеќе авторитет по смрта на Пру. Таа подоцна станува мајка на два сина (Вајат и Крис) и ќерка (Мелинда) со нејзиниот сопруг Лео, и ќе направи се за да ги заштити своите деца. Уште од мала добива желба да готви и и помага на баба и во кујната што и раѓа желба да се вработи во ресторан. Нејзината желба кон готвењето ја доведува и да си отвори свој клуп Р3, и е откриено во последната епизода свој ресторан.

  • Фиби Халивел – (Алиса Милано)


Фиби, родена на 2 ноември, 1975 е типично „бебе“ на семејството и е многу природна, слободна млада жена. Моќ со која е родена се визиите, што се развива доволно да и дозволи да гледа не само во иднината туку и во минатото. Што подоцна на некој начин и овозможува да се префрлува во нејзините визии. Фиби подоцна ја добива моќта на левитацијата, што често ја комбинира со своите боречки вештини и моќта на емпатијата но подоцна ја губи. Таа е романтична, и подоцна станува успешна колумнистка и автор. Во раните години а и потоа таа има проблеми со сестра и Пру, но по смрта на Пру таа всушност ги смирува Пајпер и Пејџ. Најдолгата врска и е со полу демонот Кол Тарнер, и со Куп. Во 2006 ангелот на судбината ги венча Фиби и Куп, како што е видено на крајот на серијата, и имаат 3 ќерки. Таа продожува да работи во Бај Мирор и пишува книга за наоѓање љубов.

  • Пејџ Метјуз – (Роуз Мекгауан) (сезони 4–Cool


Родена е на 2 август, 1977. По тајната љубовна врска со нејзиниот белосветец Самуел Вилдер, мајката на волшебничките, Пети Халивел, се пораѓа со четврта ќерка. Тие ја оставаат Пејџ пред портите на една црква бидејќи нивната љубов била забранета. Таа била посвоена уште како дете, и пораснала како единствено дете на некоја млада двојка. Додека одела на училиште Пејџ често запаѓала во невољи. Таа е цврста и темпераментна додавајќи и нова динамика на серијата од четвртата сезона и натаму. Родената моќ на Пејџ е телекинезата, но бидејќи е пола белосветец оваа моќ комбинирана со моќта на телепортирањето станува телепортирачка телекинеза. Таа брзо ги совладува вештерските вештини и помага во уништувањето на Изворот. Во осмата сезона ја добива моќта на лечење на поблиските и на тие што ги сака како на пример за првпат го лечи Хенри. Давала секогаш се од себе за да стане професионална вештерка и од секогаш имала проблем наоѓајки работа. По смрта на Гидеон, Пејџ ги убедува старешините да го остават отворено училиштето за магија. Тие се согласуваат само ако Пејџ стане директорка и им овозможи на учениците целосна заштита. Пејџ се венча со полицаецот Хенри Мичел и добиваат две ќерки близначки и син, Хенри Џуниор.
Вратете се на почетокот Go down
https://a1-tv.macedonianforum.net
Bube
Admin
Bube


Број на мислења : 113
Age : 27
Местолокација : Неготино
Job/hobbies : Пеење
Registration date : 2009-02-28

Улоги Empty
ПишувањеПредмет: Re: Улоги   Улоги EmptyСаб Фед 28, 2009 10:28 pm

воуу ова беше супер серија и глумиците се добри
Вратете се на почетокот Go down
Simon4e
Нов член
Нов член
Simon4e


Број на мислења : 65
Registration date : 2009-02-28

Улоги Empty
ПишувањеПредмет: Re: Улоги   Улоги EmptyСаб Фед 28, 2009 10:47 pm

super bese
Вратете се на почетокот Go down
Maje
Нов член
Нов член
Maje


Број на мислења : 65
Registration date : 2009-02-28

Улоги Empty
ПишувањеПредмет: Re: Улоги   Улоги EmptyНед Мар 01, 2009 1:34 am

супер серија
Вратете се на почетокот Go down
Cece
Admin
Cece


Број на мислења : 124
Местолокација : na shoping so tefi
Job/hobbies : plivanje,peenje,tancuvanje
Registration date : 2009-02-28

Улоги Empty
ПишувањеПредмет: Re: Улоги   Улоги EmptyНед Мар 01, 2009 1:50 pm

да да супер беше серијата и сакам пак да почне да играе
Вратете се на почетокот Go down
https://a1-tv.macedonianforum.net
Simon4e
Нов член
Нов член
Simon4e


Број на мислења : 65
Registration date : 2009-02-28

Улоги Empty
ПишувањеПредмет: Re: Улоги   Улоги EmptyНед Мар 01, 2009 3:55 pm

мене не ми беше баш убав ама пак е добар
Вратете се на почетокот Go down
natence
Нов член
Нов член
natence


Број на мислења : 7
Age : 28
Местолокација : So Demi i Miley vo soping...
Job/hobbies : Peenje
Registration date : 2009-03-08

Улоги Empty
ПишувањеПредмет: Re: Улоги   Улоги EmptyНед Мар 08, 2009 5:39 pm

TOP serija
Вратете се на почетокот Go down
Sponsored content





Улоги Empty
ПишувањеПредмет: Re: Улоги   Улоги Empty

Вратете се на почетокот Go down
 
Улоги
Вратете се на почетокот 
Страна 1 of 1
 Similar topics
-
» Улоги
» Улоги
» Улоги
» Улоги
» Улоги

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
А1 телевизија :: Charmed-
Отиди до: