А1 телевизија
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

А1 телевизија

Добредојдовте!!!
 
HomeHome  PortalPortal  Latest imagesLatest images  БарајБарај  Регистрирајте сеРегистрирајте се  Влез  

 

 Забранета љубов

Go down 
2 posters
АвторПорака
Bube
Admin
Bube


Број на мислења : 113
Age : 27
Местолокација : Неготино
Job/hobbies : Пеење
Registration date : 2009-02-28

Забранета љубов Empty
ПишувањеПредмет: Забранета љубов   Забранета љубов EmptyНед Мар 01, 2009 1:11 am

Забранета љубов

Дејството на серијата се случува во Загреб, а од
епизода во епизода се откриваат судбините на две семејства, чии животи
ги поврзува судбината. Семејството Новак е богато и привилегирано,
додека семејството Лончар е семејство од средната класа, каде секоја
куна е детално испланирана. Судбината ќе ги поврзе овие две семејства,
а парите ќе бидат нивната најголема препрека. Победите и поразите ќе
станат составен дел од нивното секојдневие, а лагата, тагата и тајната
ќе ги спојуваат и разделуваат.

Серијата е снимена по лиценца на
заедничката продукција на „РТЛ телевизија“ и „Фермантле медиа“,
меѓународно познати продуцентски куќи, кои зад себе ги имаат
продуцирано емисиите, „Американски Идол“, „Соседи“, „Голиот готвач
Џејми Оливер“ и многу други проекти.

Серијата се прикажува и во
Германија, Шведска, Русија, Грција и Унгарија, но со нивни актерски
екипи. Иако дејството е слично, тоа е прилагодено според менталитетот
на земјата во која се прикажува.

Во хрватската верзија на
„Забранета љубов“ учествуваше тим од 150 луѓе, од кои 15 сценаристи, 4
режисери, 18 актери и многубројни гости кои епизодно се појавуваат.
Снимањето започна на 9 август 2004-та година, а до крајот на јуни
2005-та се реализирани 350 епизоди.

Во зависност на рејтингот на гледаност, серијата во некои земји ја достигна и десеттата сезона на емитување.
Серијата
се снимала во посебно изградени студија во Загреб, а 20% од сцените се
снимаат ширум Загреб на најпознатите локации, како што е плоштадот на
Банот Јелачиќ, а специјално за одредени сцени биле изнајмени и куќи на
најбогатите загрепчани.

За улогите била распишана аудиција во
која се барале млади личности од 17 до 22 години, но повеќето пријавени
сеуште студирале на Академијата и немале никаков актерски стаж зад
себе. Единствената позната актерка е Миа Беговиќ, сестрата на
починатата актерка Ена Беговиќ, која епизодно ќе ја видиме во улогата
на Барбара.
Вратете се на почетокот Go down
Simonka19
Нов член
Нов член
Simonka19


Број на мислења : 9
Registration date : 2009-12-23

Забранета љубов Empty
ПишувањеПредмет: Re: Забранета љубов   Забранета љубов EmptyЧет Дек 24, 2009 12:06 am

Уште ја гледам и ми е интересна
Вратете се на почетокот Go down
 
Забранета љубов
Вратете се на почетокот 
Страна 1 of 1

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
А1 телевизија :: Zabranjena Ljubav-
Отиди до: