Качора е во основа една голема љубовна приказна. Главниот протагонист е
една обична девојка од соседството, сиромашна и со ниско ниво на
култура, но со голема внатрешна сила, оптимизам, весела, забавна,
способна и снаодлива во секакви ситуации.Со нејзините две момчиња ќе
создаде љубовен триаголник исполнет со страст, конфликти и многу
караници. Приказната започнува со неа кога се наоѓа во затвор,
неправедно обвинета за убиство.Таа бега од затвор и влегува во домот на
Моравија, моќно семејство, со лажен идентитет, само за да се заштити од
полицијата. Таа живее во куќата, но со постојан страв да не биде
откриена. Има многи смешни ситуации кога неискусната и необразована
Качора мора да глуми лик на професионална учителка чиј идентитет го
носи.