А1 телевизија
Would you like to react to this message? Create an account in a few clicks or log in to continue.

А1 телевизија

Добредојдовте!!!
 
HomeHome  PortalPortal  Latest imagesLatest images  БарајБарај  Регистрирајте сеРегистрирајте се  Влез  

 

 4 Сезона

Go down 
АвторПорака
Cece
Admin
Cece


Број на мислења : 124
Местолокација : na shoping so tefi
Job/hobbies : plivanje,peenje,tancuvanje
Registration date : 2009-02-28

4 Сезона Empty
ПишувањеПредмет: 4 Сезона   4 Сезона EmptyСаб Фед 28, 2009 10:36 pm

Четврта сезона (2007-2008)

Nielsen Ranking (2007-08 U.S. TV сезона; базирано на просечниот број на гледачи по епизода): #6 (18.2 милиони гледачи)[8]
Четвртата сезона започна на 30 септември 2007, заврши на 18 мај 2008. Мистеријата во оваа сезона е центрирана на новата сосетка Кетрин Мејфер, која со своето семејство се враќа во Вистерија Лејн по отсуство од 12 години. Но, нејзината ќерка воопшто не се сеќава дека некогаш живеела во Вистерија Лејн. Кетрин се соочува со тајните на нејзиното минато, кои се мистерија се до крајот на сезоната. Нејзината ќерка, Дилан Мејфер, живее во лаги. Кетрин сака да ја спаси Дилан од нејзиниот бивш маж, Вејн Дејвис, кој физички ја малтретирал и поради тоа избегала од него додека Дилан била мала. Се преселила кај нејзината тетка Лили на Вистерија Лејн. Таму Вејн повторно ги наоѓа и сака да ја земе Дилан со себе, но Кетрин не ја дава и го брка од куќата удирајќи го со сталак за свеќа, но во тој момент се слуша крш на стакло. Подоцна Кетрин и Лили ја откриваат Дилан мртва на катот, наоѓајќи се под шкаф. Дилан сакала да го земе мечето од татко и, но Кетрин го ставила на врв на шкафот. Малата Дилан, сакајќи да го земе мечето, умира со тоа што шкафот паѓа врз неа. Тогаш се разјаснува кршот на стаклото. Потоа Кетрин посвоила девојче од романско сиропиталиште, кое личело на Дилан. Но сето ова (смртта на Дилан) го има во последната епизода од оваа сезона кога Вејн открива дека Дилан е мртва и ги држи Кетрин и Бри како заложници со цел да му ја каже вистината за Дилан.
Линет се бори со рак, но има проблем и со својата мајка: Линет сака мајка и да се исели, но таа нема каде да оди, но на крај ќе остане кај нејзиниот бивш маж и поранешен очув на Линет. Линет има проблем и со ќерката на Том, Кејла која сака да ја избрка Линет од куќата и сама да живее со Том, па ќе почне да ја обвинува Линет дека таа ја малтретира, со што Линет завршува во затвор. Таа набргу се ослубодува, а Кејла ја праќаат да живее со родителите на Нора (нејзината вистинска мајка, која е мртва).
Штотуку-венчаната Габриел има афера со нејзиниот поранешен маж Карлос. Тие сакаат да избегаат, но Виктор открива за нивната афера.
Сузан и Мајк ќе имаат бебе, но Мајк станува зависник од лекови и Сузан го праќа на рехабилитација.
Бри се преправа дека е бремена и планира да го одгледа детето на нејзината тинејџ ќерка.
Оваа сезона започнува со "обидот за самоубиство" на Иди, која тоа го наместила самоубиството со цел да го задржи Карлос и прави планови како да го задржи Карлос со неа.
Геј двојка, Ли (Кевин Рам) и Боб (Так Воткинс) се вселува во Вистерија Лејн, во куќата во која претходно живееше Бети Еплвајт.
Четвртата сезона на Очајни Домаќинки е највозбудливата и најинтересната. Во деветтата епизода, торнадо доаѓа на Вистерија Лејн. Епизодата е наречена "Something's Coming"-"Нешто Доаѓа". Епизодата започнува со разговор меѓу Габи, Бри, Линет и Сузан каде што Габи им кажува дека ќе се пресели со Карлос и сите се изненадени. Карен МекКласки ги известува дека доаѓа торнадо и сите се припремаат. Во меѓувреме, Кетрин забележува еден нејзин непријател, Силвија која била поранешна пациентка на нејзиниот маж Адам и имала афера со него. Бри сакајќи да дознае која е Силвија, ја поканува на кафе и кога зборуваат за Кетрин и Адам, Силвија се налутува и се заклучува во собата наменета како скривалиште за семејството Хоџ. Линет и нејзиното семејство се сместуваат во подрумот на Карен МекКласки каде е и Ајда. Ајда со неа ја чува нејзината мачка, Тоби, а Том е алергичен на мачки, па додека сите освен Карен спијат, Линет ќе ја однесе мачката горе а Карен оди по неа. Мачката бега надвор каде што веќе е очигледно дека наидува торнадото и Линет и Карен се сместуваат во домот на Линет. Адам и Кетрин дознаваат за Силвија дека е кај Бри, па тие ќе останат таму. Иди ги краде документите на Карлос наменети за подигање на голема сума на пари и Габи сака да ги врати. Двете се караат, но торнадото стигнува и се сместуваат во подрумот на Иди. Во тоа време Сузан е во болница бидејќи Мајк ја бутнал несакајќи по скали додека се караат и Сузан се плаши дека ќе го изгуби бебето, но на крај излегува се добро. Торнадото беснее на Вистерија Лејн. Карлос и Виктор се тепаат поради Габи, и двајцата ја сакаат. Во моментот кога Виктор сака да го удри Карлос, еден шилец од ограда го прободува Виктор во стомакот. Силвија излегува од куќата на Бри и веднаш ја проголтува торнадото. Откако торнадото завршува, ги гледаме Габи и Иди живи и здрави, исто така и Бри, Орсон, Бенџамин (синот на Даниел Хоџ), Кетрин и Адам се живи. Веднаш потоа Линет и Карен излегуваат од засолништето и излегуваат на улицата. Линет вреска кога ја гледа куќата на Карен каде што се Том, децата и Ајда е целосно разурната. Останува прашањето: Кој преживеал, а кој не???
Оваа сезона има најмалку епизоди, 17. Прикажувањето и снимањето на сезоната беше паузирано на три месеци поради штрајкот на сценаристите во САД.
Вратете се на почетокот Go down
https://a1-tv.macedonianforum.net
 
4 Сезона
Вратете се на почетокот 
Страна 1 of 1
 Similar topics
-
» 5 Сезона
» 1 сезона
» 2 сезона
» 1 сезона
» 1 сезона

Permissions in this forum:Не можете да одговарате на темите во форумот
А1 телевизија :: Desperate Housewives-
Отиди до: