Cece Admin
Број на мислења : 124 Местолокација : na shoping so tefi Job/hobbies : plivanje,peenje,tancuvanje Registration date : 2009-02-28
| Предмет: 3 сезона Саб Фед 28, 2009 10:36 pm | |
| Трета сезона (2006-2007)
Nielsen Ranking (2006-07 U.S. TV сезона; базирано на просечниот број на гледачи по епизода): #10 (17.5 милиони гледачи)[7] Третата сезона започна со емитување на 24 септември 2006 и има 23 епизоди. Поминаа шест месеци откако Орсон Хоџ го прегази Мајк со својот автомобил. Бри, која конечно ја надмина смртта на својот сопруг, се венча со Орсон. На нивната забава се појавува мистериозна жена која го обвинува Орсон за убиството на својата прва сопруга, а понатаму во сезоната, ужасното минато ќе се обелодени. Додека пак, Линет мора да се прилагоди на уште едно дете во нивниот дом, откако бившата на Том ќе биде убиена и ќе мора да ја посвојат како нивна ќерка. Тие исто така ќе отворат пицерија. Габриел се разведува од Карлос откако дознава дека тој ја измамил со нивната слугинка, која патем, го носи нивното дете во својата утроба. Габриел ќе се вљуби во политичарот Виктор Ленг. На Иди конечно и се пружа шанса да биде со Мајк, бидејќи тој страда од амнезија. Сузан ќе биде во врска со згодниот Англичанец Ијан Хејнсворт. Исто така, синот на Иди доаѓа во посета, Треворс Меклејн, а и нејзиниот внук Остин, кој што започнува врска со Џули и Дениел. | |
|