Cece Admin
Број на мислења : 124 Местолокација : na shoping so tefi Job/hobbies : plivanje,peenje,tancuvanje Registration date : 2009-02-28
| Предмет: 2 сезона Саб Фед 28, 2009 10:35 pm | |
| Втора сезона (2005-2006)
Nielsen Ranking (2005-06 U.S. TV сезона; базирано на просечниот број на гледачи по епизода): #4 (22.2 милиони гледачи)[6] Втората сезона започна со емитување на 25 септември 2005 и има 24 епизоди. По откривањето на тајната на Мери Алис, домаќинките продолжуваат со своите животи. Брее, чиј сопруг штотуку почина, почнува да излегува со друг маж, не знаејќи дека тој го отрул нејзиниот сопруг за да биде со неа. Сузан, се уште барајќи љубов по раскинувањето со Мајк, завршува во кревет со својот поранешен сопруг, кој е во врска со Иди Брит. Линет се враќа на својата кариера во адвертајзингот, а нејзиниот сопруг Том останува дома. Бремената Габриел решава да му биде верна на својот сопруг, кој е сега во затвор. Баш кога почнува да го прифаќа мајчинството, ќе го изгуби бебето. Водејќи ги своите натрупани животи, жените не можат а да не заприметат нешто сомнително кај нивните нови соседи: Бети (Алфре Вудард) и нејзиниот син Метју Еплвајт, кои се доселија во соседството преку ноќ, и чуваат затвореник во својот подрум. | |
|