Cece Admin
Број на мислења : 124 Местолокација : na shoping so tefi Job/hobbies : plivanje,peenje,tancuvanje Registration date : 2009-02-28
| Предмет: 1 сезона Саб Фед 28, 2009 10:34 pm | |
| Прва сезона (2004-2005)
Видете исто така: Кратки содржини од прва сезона
Nielsen Ranking (2004-05 U.S. TV сезона; базирано на просечниот број на гледачи по епизода): #4 (23.7 милиони гледачи)[5] Првата сезона почна со емитување на 3 октомври 2004 и е составена од 23 епизоди. Серијата почнува со мистериозното самоубиство на домаќинката Мери Eлис Јанг, на еден убав ден во предградијата, на улица наречена Вистреија Лејн. Мери Алис, нараторот на серијата, имаше четири пријателки: Бри Ван де Камп, навидум совршена мајка (на двајца тинејџери) која се бори да го зачува својот брак; Линет Скаво, мајка на четири деца чиј сопруг е постојано на пат; Сузан Мајер, разведена мајка во потрага по љубов, која ќе се вљуби во својот сосед Мајк Делфино, кој пак, има своја тајна; и Габриел Солис, поранешна манекенка која го изневерува својот сопруг. Додека се обидуваат да бидат добри сопруги и мајки, четирите пријателки исто така се обидуваат да откријат зошто нивната пријателка извршила самоубиство. Откривањето на уценувачкото ливче меѓу алиштата на Мери Алис, касета од сесија кај психијатар во која открива дека нејзиното вистинско име било Ангела, и чудното однесување на нејзиниот вдовец, само повеќе ја разгорува нивната љубопитност во врска со мистеријата на нивната почината пријателка. | |
|