Најстар и секако глава во фамилијата е лудиот дедо Изет Фазлиновиќ,
кој е помалку шкрт и комунистички настроен. Неговиот збунет син Фарук
Фазлиновиќ е музички продуцент и сопственик на приватно музичко студио
во Сараево, кое одвај работи.
Син на Фарук е Дамир Фазлиновиќ, студент со сите петки. За разлика
од татко му и дедо му, тој е „приземјен“. „Женска рака“ во нивните
животи е куќната помошничка Шефика (Јасна Жалица). Судирот на нивните
карактери ја прави основата на заплетот и комичните ситуации во
серијата.
Нови семејни сплетки настануваат кога во станот над нивниот ќе се
всели г-ѓа Споменка Вигорец (Милена Дравиќ). Во серијата глумат:
Мустафа Надаревиќ, Сенад Башиќ, Милена Дравиќ, Сека Саблиќ, Саша
Петровиќ, Емир Хаџихафизбеговиќ, Харис Бурина, Вања Драх...