Оваа сезона започнува со две спротиставени страни на преживеаниците.
Едната, прдводена од Џек, е сместена на плажата на островот, и верува
дека луѓето од бродот ќе дојдат да ги спасат. Другата спротиставена
страна на преживеаниците предводена од Лок верува дека луѓето од бродот
се обидуваат да го пронајдат островот и кога ќе го направат тоа, ќе ги
убиат сите луѓе на островот. Бидејќи лугето од бродот го пронајдоа
островот, Лок треба да го премести за да ги спаси преживеаниците и
островот. За тоа време 5 преживеаници и едно бебе успеваат да го
напуштат островот, но потоа ќе посакаат да се вратат бидејќи се
прогонувани од мртви луѓе кои им биле многу блиски.