Приказната продолжува 67 дена после паѓањето на авинотот. Џек, Кејт и Соер се заробени од Другите
и планираат бегство додека Џек го оперира Бен (лажниот Хенри Гејл). Џек
во моментот на операцијата прави исечок на бубрежната вреќа на Бен и му
се заканува дека ќе го убие ако не ги пушти Кејт и Соер да избегат.
Кејт и Соер дознаваат дека не се на нивниот остров, туку на друг, многу
помал, и дека не можат да избегат. Џулиет (една од другите) им се
придружува на преживеаниците, но таму не е добродојдена. При крајот на
сезонава со падобран слетува една мистериозна жена по име Наоми, која
им кажува на преживеаниците дека доаѓа брод да ги спаси. Преживеаниците
и Другите доаѓаат до војна, преживеаниците го контактираат бродот.