Cece Admin
Број на мислења : 124 Местолокација : na shoping so tefi Job/hobbies : plivanje,peenje,tancuvanje Registration date : 2009-02-28
| Предмет: Историја Саб Фед 28, 2009 4:46 pm | |
| Година на отворање: 1993 | Рејтинг на гледаност: најгледана телевизија
А1 Телевизија е првиот приватен електронски медиум во Република Македонија. Иако првите новинари беа дојдени главно од Македонско радио, оваа телевизиска куќа создаде свој кадар, кој се одликува со препознатлив репортерски стил. Првиот сигнал го доби на 20 јануари 1993 година, а национална концесија доби во 2001 година. А1 придонесе за јакнење на одговорноста на јавниот, на приватниот и на граѓанскиот сектор. А1, особено со информативната програма, придонесе и во промоцијата и во заштитата на човековите права, во поддршка на ненасилно разрешување на конфликтите, особено на конфликтот во Македонија во 2001 година, во воспоставување на фер и демократски изборни процеси. Цели на А1 се: брзо и навремено информирање, вистинска информација и професионалност. Тие се темелат врз: храброст - информативниот пристап темелен врз непристрасноста, независноста, објективноста, вистинитоста, самостојноста во работењето; креативност - можност за авторско изразување (проекти и начини на изразување што се за првпат применети во земјата); гледачите - тоа се оние за кои постои овој медиум и чие мислење е основа за неговата работа. Награди: 2000 година - награда за објективно информирање 2000 за А1 Информативна програма од Здружението на новинарите на Македонија; 2003 година - Наградата за граѓанско општество и демократија за долгогодишен придонес. | |
|